ВИДЕО | Сефер Емини беше херој на Сондерјиске во победата над Виборг
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Сефер Емини, беше човекот на одлука во триумфот на Сондерјиске во 31. коло од плеј-офот во данската Суперлига.
Препорачано
Сондерјиске славеше минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Виборг, а херој на натпреварот беше токму македонскиот интернационалец. Емини го постигна единствениот погодок на средбата во 49. минута и му донесе големи три бода на својот тим. За македонскиот фудбалер ова беше втор гол сезонава во данскиот шампионат.
Тој беше дел од стартниот состав и на теренот остана до 71. минута, кога беше заменет, додека репрезентативецот Лирим Ќамили доби шанса од клупата и влезе во игра во истиот период кај гостинската екипа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


