ВИДЕО: Седумнаесетгодишно девојче и шест возрасни лица се хоспитализирани во Софија, состојбата им е стабилна

сообраќајка, автобус, бугарија
Фото: МИА

Главниот комесар за противпожарна безбедност и заштита на населението во бугарското МВР Николај Николов за Нова ТВ изјави дека состојбата на преживеаните во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма” е стабилна. Тие се сместени во болницата „Пирогов” во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските власти се обидуваат од изјави на преживеаните да добијат слика за несреќата што би им помогнало на истражните органи да ги утврдат причините.

Реонот на несреќата е отсечен веќе три часа и никој не може да се доближи до местото на трагедијата, јавуваат бугарските медиуми и нивните екипи.

Во болницата Пирогов веќе пристигнал македонски дипломат од амбасадата во Софија, кој, како што јави Нова ТВ, не можел да го потврди бројот на примени граѓани на Северна Македонија, но според него меѓу загинатите има и еден бугарски државјанин.

Во болницата Пирогов во Софија по несреќата со автобусот на автопатот Струма се примени 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави за БТА д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа. Нема опасност по нивните животи.

Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за трауматологија. На сите им се прават дополнителни прегледи во болницата.

Несреќата се случи на магистралниот пат Струма нешто по 02.00 часот, кај селото Боснек. Автобусот со макеоднски таблици сообраќал во правец на Република Северна Македонија. Возилото во Бугарија влегло од Турција. Малку по полноќ автобусот застанал на бензинска пумпа во близина на Софија, по што продолжил. Несреќата се случила еден час подоцна.

Засега нема потврда дали автобусот прво излетал од патот, а потоа се запалил или најпрво настанал пожар нво возилото. Според првичните информации, причината поради која луѓето не можеле да се спасат е тоа што автобусот се превртел.

СТРАШНА ВЕСТ: Македонски автобус се запали во Бугарија, најмалку 45 загинати и седум повредени

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот