ВИДЕО: Седумнаесет британски гимнастичари поднесоа тужба за злоставување

Седумнаесет гимнастичари во Велика Британија денеска поднесоа тужба против националното раководно тело Бритиш Гимнастикс (British Gymnastics), тврдејќи дека биле злоставувани.

Групата, во која има тројца олимпијци, испратила писмо до Агенцијата обвинувајќи ги тренерите за физичко и психичко малтретирање.

„Злоставувањето го извршиле тренерите и други вработени во Бритиш Гимнастикс во различни клубови низ Велика Британија, сите поврзани со раководното тело”, се вели во изјавата на адвокатот на поранешните гимнастичари.

Наводите во тужбата вклучуваат „несоодветна употреба на физичка сила од страна на тренерот против гимнастичарите, вклучително и физички напад”.

Во времето на наводното злоставување, гимнастичарите биле на возраст од шест до 23 години, а сегашниот старосен опсег на тужителите е помеѓу 15 и 43 години.

Гимнастичарите тврдат дека биле „малтретирани” и „насилно казнувани”, што, како што велат, предизвикало психолошки повреди, вклучително и депресија и посттрауматско стресно нарушување. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот