ВИДЕО: Се запали возило на итната помош Куманово при транспорт на пациент, нема повредени

Возило на Здравствен Дом Куманово пред околу еден час се запали при транспорт на пациент од Скопје во Куманово. Во возилото биле само пациентот и возачот и двајцата се во добра состојба.

Директорот на Здравствен Дом Куманово, Фарук Алили за „Слободен печат“ вели дека пациентот веднаш бил отстранет од возилото уште кога возачот забележал чад.

– Пред околу час и половина возилото се врати од транспорт на пациент од Скопје. Возејќи, одеднаш видел дека дими. Застанало возилото, тргнат е веднаш пациентот со оглед на тоа што биле во близина на неговата куќа кога почнало да дими.

Имаме и други возила во итната помош но, ова е првпат да се случи вакво нешто. Сите возила се осигурани каско. Нон-стоп се сервисирани и контролирани, не е јасно од што се случил инцидентот.

Возачот е во добра состојба, изјави Алили за „Слободен печат“.

Видеото погледнете го овде, на Фејсбук страницата на Лајм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот