Се запали автобус во Индија, најмалку 20 жртви/Фото: Скриншот/Икс

ВИДЕО | Се запали автобус во Индија, најмалку 20 мртви загинаа во пожарот

Најмалку 20 лица загинаа кога автобус со повеќе од 50 патници се запали во западната индиска држава Раџастан во вторникот, соопштија медиумите и властите. Возилото се движело помеѓу градовите Џајсалмер и Џодпур и било зафатено од пламен, објави индиски Стар.

„Деветнаесет патници загинаа во автобусот, а друг им подлегна на изгорениците на патот во Џодпур“, изјави за АФП полицаецот Раџеш Мина.

Според новинската агенција „Прес траст оф Индија“, која ја објави истата информација, автобусот застанал покрај патот бидејќи од задниот дел излегувал чад, пред да биде зафатен од пламен за многу кратко време.

Индискиот премиер Нарендра Моди преку Твитер изјави дека е „шокиран од загубата на човечки животи“ и вети обесштетување до 200.000 рупии (околу 1.940 евра) на семејствата на починатите.

Во Индија, најнаселената земја на планетата, состојбата со безбедноста на патиштата е опишана како катастрофална.

Во 2023 година, според најновите достапни официјални податоци, на индиските патишта се регистрирани повеќе од 480.000 сообраќајни несреќи, со речиси 173.000 смртни случаи и околу 463.000 повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот