ВИДЕО | Се урна пешачки мост во Вашингтон, шестмина повредени

Вкупно шест лица се повредени по уривањето на пешачкиот мост во американската престолнина Вашингтон.

Според локалните медиуми, пешачкиот мост на автопатот северо-источно од градот се срушил од засега неидентификувана причина.

Противпожарната служба во Вашингтон објави дека четири од шест лица повредени во инцидентот се хоспитализирани, а две лица добиле помош на местото на настанот.

Во несреќата се повредени пешаци, а лица кои биле со две возила под урнатиот мост не биле повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот