ВИДЕО: Се шири конфликтот на Блискиот Исток, Хутите ја ракетираа американската база во Сирија откако САД го бомбардираше Јемен
Американската воена база во близина на гасното поле Конико во Сирија е нападната со ракети.
Препорачано
Нафтеното поле Конико се наоѓа во провинцијата Деир ез-Зор во источна Сирија.
#BREAKING
-Iran-backed militia targeted US base in NE Syria
-Iran-backed militia group in Iraq: After US/UK attacks on Houthis in Yemen no "US/coalition interests in the Red Sea will be safe"
-Israeli troops killed dozens of Hamas operatives yesterday in central/southern Gaza⬇️ pic.twitter.com/wrNUSkL5fU— HaniOnX (@HaniOnX) January 12, 2024
Портпаролот на движењето Јахја Сарија претходно соопшти дека САД и Велика Британија во текот на ноќниот напад извршиле 73 удари во Јемен при што загинале пет милитанти.
Инаку милиони Јеменци се собраа денеска во неколку градови каде ги слушаа нивните лидери како ги осудуваат американските и британските напади врз нивната земја, извршени како одговор на нападот на Хутите врз поморскиот сообраќај во Црвеното Море.
САД и Велика Британија рано изутрината извршија десетина воздушни напади врз воени цели на Хутите.
„Вашите напади врз Јемен се тероризам“, рече Мохамед Али Ал-Хути, член на Врховниот политички совет на Хутите, говорејќи за САД.
Хутите ветија дека нападите на САД и Британија нема да останат неказнети


