ВИДЕО: Се одржа четириесетдневна панихида за Амфилохије, еве кога ќе биде отворен неговиот тестамент

Подгорица, Црна Гора / 31 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во црквата Воскресение Христово во Подгорица, се одржа четириесетдневна панихида за митрополитот Амфилохије, пренесе Танјуг.

Митрополитот црногорско – приморски Амфилохије Радовиќ почина на 30 октомври како резултат на коронавирусот. Неговата здравствена состојба наеднаш се влоши по што беше приклучен на апарати за дишење.

Тој беше погребан во криптата на Соборниот храм во Подгорица.

Најверојатно во текот на оваа недела, владиката Јоаникије ќе се сретне со адвокатот на Митрополијата, Далибор Кавариќ, за да се отвори тестаментот оставен од митрополитот Амфилохије, пренесуваат црногорските медиуми.

Бидејќи свештените лица не може да имаат свој личен имот, тоа е тестамент во кој се распределуваат материјални добра, тестаментот содржи, совети и упатства како и наследство од нематеријална или духовна природа, за тоа како митрополитот наредил како Српската православна црква да постапува во одредени важни случаи и околности.

Далибор Кавариќ,  кој го чува овој документ, изјавува дека тестаментот на Митрополитот,  е целосно афирмативен и многу корисен и за иднината на Црна Гора и за единството на Српската православна црква.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот