ВИДЕО: Се гледа „раката“ на Мурињо, минималец на Рома

Абрахам го постигна единствениот гол на Олимпико/Рим, Италија/23 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Фудбалерите на Рома го совладаа Удинезе на „Олимпико“ во Рим со 1:0 во петтото коло во Серија А.

По трите победи на стартот, Рома во минатото коло загуби од Верона, но вечерва повторно се врати на победничките патеки и се искачи на четвртото место на табелата со 12 бодови, три помалку од лидерот
Наполи и еден помалку од Интер и Милан.

Заслугите за победата одат на сметка на Тами Абрахам кој во 36. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Рома во следното коло кое се игра престојниот викенд  ја очекува големо градско дерби, популарното дерби дела капитале против Лацио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот