ВИДЕО | СДСМ: Ние сме за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција
СДСМ е за целосна интеграција на Македонија во Европската Унија, вклучително и полноправно членство со сите права, меѓу кои и правото на глас, рече на денешната прес-конференција портпаролката на партијата Богданка Кузеска.
Препорачано
Во врска со тоа земјата да се прими како полноправна членка без гласачки права, Кузеска истакна дека до денеска нема официјална одлука на Европската комисија, Европскиот совет или Европскиот парламент која предвидува ваков прием, а ако тоа стане официјална позиција на ЕУ дури тогаш може да се разгледува.
За жал, гледаме дека ВМРО-ОКГ и Мицкоски не сакаат во Европа. Тие водат антиевропска кампања, претставувајќи ја ЕУ како „булинг“ кон Македонија, наместо да признаат дека критиките од ЕУ се резултат на неисполнети обврски и реформи неопходни за членство. Намерно создаваат проблеми со соседите ги блокираат уставните измени и со тоа ја држат државата во стагнација. Не ја сакаат ЕУ затоа што тогаш би морале да престанат со нетранспарентни тендери, партиски вработувања и контрола врз буџетот – а тоа не им одговара. СДСМ е за Европа, за нас нема друга алтернатива, ниту БРИКС ниту изолацијата не се опција, рече Кузеска.


