ВИДЕО | Сашко Коцев откри семејна приказна: Супер е да растеш со постара сестра, може да те истепа

Сашко Коцев во „Еден на Еден“ / Фото: Промо

Актерот Сашко Коцев вели дека по природа е срамежлив, а јавната професија е неговиот одбрамбен механизам.

Во емисијата „Еден на Еден“, во вториот дел од разговорот со Сашко кој ќе се емитува в недела на Канал 5 од 18.30, Коцев раскажа семејна приказна.

– Моите родители немаат врска со оваа професија. Татко ми одел во драмско во средно училиште, и го има на една слика, со залепени мустаќи. Имам сестра, која е постара од мене речиси шест години, таа се занимава со приватен бизнис. Супер е да растеш со постара сестра, може да те истепа. Јас имав среќа, порано немаше интернет, ама јас ги имав нејзините книги. Ако сум бил јас прво, таа била седмо одделение, јас од седмо веќе сѐ знаев. Имам двајца внуци, внук ми има 22 и пол, внука ми има 15 – рече Сашко Коцев и додаде дека на неговите внуци, сега кога се поголеми, им е нормално кога ќе седнат на ручек или на кафе заедно луѓе да се фотографираат со вујко им.

Видото на линкот подолу доловува мал дел од интересните приказни на Сашко Коцев:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот