ВИДЕО: Санабриа со „ножички“ до реми против Наполи

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Наполи и Торино одиграа 1:1 во натпреварот од 28 коло во најсилното италијанско првенство.

Први се заканија „наполитанците“, во 15 минута по корнерот на Кварацхелија, Осимен се обиде со глава, но топката заврши покрај десната статива. Домаќините имаа шанса и во 24 минута, а Осимен повторно беше непрецизен.

Немаше голови во текот на првото полувреме, а во 61 минута Наполи дојде во предност со голот на Кварацхелија.

Само 180 секунди подоцна гостите успеаја да дојдат до израмнување благодарение на „ножичките“ на Санабрија.

Наполи моментно е на седмото место со 44 бодови, додека „биковите“ од Торино се на 10 место со 38.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот