Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

ВИДЕО | Сајкоски им порача на кичевци: Вечерва ни доаѓа Мицкоски

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, вечерва им се обрати на кичевци по изборната победа на кандидатот на партијата Александар Јовановски.

Пред голем број граѓани кои славеа на плоштадот во Кичево, Сајкоски им честита на сите кои, како што рече, „ја донесоа промената што долго ја чекаше Кичево“.

Со видлива еуфорија и во придружба на дел од локалните функционери, тој најави дека вечерва во градот ќе пристигне и лидерот на партијата и актуелен премиер, Христијан Мицкоски.

„Вечерва ќе ни се приклучи нашиот премиер Мицкоски, заедно ќе ја прославиме големата победа. Кичево конечно тргнува напред!“, изјави Сајкоски пред насобраните поддржувачи.

Толпата реагираше со аплаузи, знамиња и скандирања „Победа! Победа!“, додека низ звучниците се слушаа патриотски песни.

Славеничката атмосфера доаѓа по потврдата на резултатите од вториот круг на локалните избори, на кои Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ победи со убедливо водство пред противкандидатот Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот