Марко Рубио со крстот на чело / Фото: Икс / скриншот

ВИДЕО | Рубио, кој даваше интервју „со крстот на чело“, вели дека иранските власти се верски фанатици и лудаци

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, коментирајќи ги растечките тензии со Иран за американските медиуми изјави дека заканите на Техеран за трајна контрола на Ормускиот Теснец и воведување систем за полнење „нема да бидат толерирани“.

„Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

Рубио, кој лани даваше интервју за „Фокс њуз“ со крст нацртан на челото, рече дека луѓето од иранското раководство се „луди“ и дека се „религиозни фанатици“.

„Овие луѓе се луди. Тие се луди. Тие се религиозни фанатици“, рече Рубио.

Иако вели дека забележува промена во комуникацијата на иранските функционери, Рубио повикува на претпазливост и проверка на нивните вистински способности.

„Јасно е дека има луѓе таму кои ни се обраќаат на начини на кои претходните ирански лидери не ни се обраќале“, рече тој.

Сепак, тој нагласи дека овие најави треба да се тестираат.

„Некои од работите за кои велат дека се подготвени да ги направат треба да видиме дали всушност можат да ги исполнат. Треба многу силно да го тестираме тоа“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот