ВИДЕО: Роверот „Истрајност“ на НАСА по седум месеци патување слета на Марс

Фото: Принтскрин

Роверот на американската вселенска  агенција НАСА „Perservence” (Истрајност), по седум месеци патување низ вселената, вечерва во 21,56 часот по средноевропско време слета на Марс, сместувајќи се во еден кратер, со што и официјално треба да почне потрагата по докази за древниот микробиолошки живот на Црвената планета.

Инженерите од лабораторијата за реактивен погон на НАСА (JPL) во близина на Лос Анџелес се надеваат дека првата фотографија од Марс ќе ја добијат уште вечерва.

Кратерот „Езеро”, именуван според едно село во Босна и Херцеговина, е слив широк 45 километри, сместен во северната хемисфера на Марс. Местото се разгледувало за слетување и на претходните мисии, но досега се сметаше дека ќе биде премногу тешко да се слета на него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот