ВИДЕО: Роналдо постигна спектакуларен гол од 25 метри

фото: EPA-EFE/STR

Ал Наср ја запиша втората победа во низа, овојпат во фудбалската лига на Саудиска Арабија.

Играчите на Ал Наср успеаја после пресврт да дојдат до бодовите откако со 2:1 ја совладаа екипата на Абха.

Поведоа гостите преку Адама во 26 минута и имаа предност на полувремето, а потоа на сцена стапи Кристијано Роналдо.

Португалецот од околу 25 метри ја затресе противничката мрежа за спектакуларен погодок.

За Роналдо ова е деветти гол од доаѓањето во редовите на Ал Наср.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот