ВИДЕО: Роналдо им се врати на тренинзите, конкурира за мечот против Шериф Тираспол
Кристијано Роналдо денеска им се врати на тренинзите на првиот тим на Манчестер јунајтед, откако беше изоставен од тимот во пресрет на саботниот натпревар од Премиер лигата против Челси.
Препорачано
Португалецот беше казнет затоа што одби да влезе како замена против Тотенхем во средата, кога „црвените ѓаволи“ победија со 2:0. Потоа, доброволно замина во соблекувалната пред последниот свиреж на судијата во знак на несогласување со одлуката на менаџерот Ерик тен Хаг.
Холандскиот стратег изјави потоа дека португалскиот напаѓач останува важен дел од тимот, но дека мора да биде санкциониран поради односот во тимот.
По натпреварот со Челси во Лондон, кој заврши нерешено 1:1, Роналдо одработи индивидуален тренинг со кондициони тренери на клупскиот полигон.
Им се врати на тренинзите во пресрет на дуелот од Лига Европа против Шериф Тираспол во четврток.
BREAKING: Erik ten Hag and Cristiano Ronaldo have been in constant dialogue and there were no ‘showdown talks’ at Carrington today as the forward returned to training with the squad ? pic.twitter.com/rpGH2nHjYU
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 25, 2022


