ВИДЕО: Роналдо го врати Јувентус на победничките патеки во Серија А!

Фото: EPA-EFE/PASQUALE BOVE

Португалецот кој својот последен натпревар за италијанскиот шампион го имаше на 27 септември годинава, успешно се опорави од коронавирусот и на денешниот нов меч за Јувентус му беа потребни само три минути за да дојде до нов погодок сезонава.

Кристијано Роналдо го врати Јувентус на победничките патеки, денеска во шестото коло од Серија А клубот од Торино триумфираше убедливо кај Специја со резултат 1:4.

Во 14 минута убава акција на гостите, МекКени асистираше до Мората кој стрелаше за водство за негов втор гол сезонава во првенството. Израмнувањето се случи во 32 минута, одбраната на „Старата дама“ не реагираше најдобро, Бартоломеи ја подаде топката до Побега кој ја затресе мрежата на Буфон.

Повторно навивачите на Јуве беа загрижени поради евентуалното трето реми по ред во шампионатот, но првата ѕвезда во тимот Роналдо влезе во игра од 56 минута како замена за Дибала и целосно ја смени сликата на теренот.

Само 126 секунди од влегувањето на Португалецот, го издрибла дури и голманот за враќање на позитивата која до крајот на средбата стана и поголема.

Во 67 минута Рабио се погрижи за 1:3, а конечниот епилог го постави Роналдо од пенал со „паненка“ во 76 минута за вкупно трета победа сезонава и моментно второ место со 12 бодови, четири помалку од лидерот Милан кој денеска славеше кај Удинезе на нашиот Илија Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот