Фото: Real Madrid. C.F

ВИДЕО: Родриго вечерва прекина низа долга 32 натпревари

По првото полувреме од дербито, Манчестер сити води против Реал Мадрид со 2-1. „Кралевите“ стартуваа без Килијан Мбапе, па место во почетниот состав доби Родриго.

Бразилецот целосно ја оправда довербата и го прекина подолгиот голгетерски пост погодувајќи по серија од 32 натпревари без реализација.

Сити брзо се врати преку погодокот на О’Рајли по изведен корнер, а во самиот финиш од првиот дел Ерлинг Халанд беше сигурен од белата точка, донесувајќи го пресвртот за англискиот шампион.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот