ВИДЕО | Рецепт за тиквички полнети со јајца на око: Превкусно летно јадење!
Сезона е на тиквички и вистинско време е да направите вкусни јадења од нив. Можете да ги похувате, пржите, печете на скара, да направите салата… Постојат многу различни рецепти за тиквички, а ова е еден од најдобрите. Наполнете ги со јајца и послужете ги за ручек.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Овој едноставен ручек е одличен предлог за целото семејство, а навистина е лесен за правење.
Состојки:
– 2 тиквички
– 1 домат
– 3 чешниња лук
– 50 грама сирење
– 2 лажици мајонез
– 50 грама тврдо сирење
– 4 јајца
– магдонос
– лук во прав, слатка пиперка
Подготовка:
Тиквичките пресечете ги на половина по должина, па издлабете ги. Посолете, побиберете, посипете со слатка пиперка и лук во прав, па премачкајте со маслиново масло.
Тиквичките ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Исечете ја средината на тиквичките, па ставете ја во сад. Додајте ги сечканите домати, магдоносот и издробеното бело сирење, ренданото тврдо сирење, мајонезот, солта и посипете со лук во прав. Сѐ добро измешајте, па наполнете ги тиквичките. Врз тиквичките скршете по едно јајце, па наредете уште малку исечкани домати. На крајот, посипете со сирење и магдонос, па печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.


