ВИДЕО: Реал Мадрид со фудбалер помалку славеше над Алавес

Лукас Васкез со победничкиот гол за Реал Мадрид/фото: EPA-EFE/Adrian Ruiz Hierro

Во рамките од 18 коло во најсилното шпанско фудбалско првенство екипата на Реал Мадрид триумфираше на гостувањето кај Алавес со 1:0.

Од 54 минута „кралевите“ играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Фернандез.

Алавес не ја искористи ваквата предност на теренот, а во 92 минута играчите на Карло Анчелоти дојдоа до победата со голот на Лукас Васкез по асистенцијата на Крос.

Жирона која е вистински хит сезонава во „Ла Лига“ овојпат ремизираше кај Бетис со 1:1.

По првото полувреме водеше Жирона со голот на Довбик од пенал во 39 минута. Домаќините го избегнаа поразот во 88 минута преку Пецела, асистент беше Карваљо.

Сега на табелата Реал Мадрид (39:11) го дели врвот со Жирона (42:21) со по 45 бодови, а Барселона е на третата позиција со 38.

Во четвртокот се одиграа уште два натпревари: Кадиз – Реал Сосиедад 0:0 и Мајорка – Осасуна 3:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот