Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Рано утрово срушена дивоградба во Инџиково

Во скопската населба Инџиково, рано утринава започна акција за уривање на дивоградба, информираше градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

Како што соопшти градоначалникот, општинскиот инспекторат веќе донел решение за стопирање на градежните активности, но објектот продолжил да се гради незаконски.

„Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект. Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности. Акцијата започна во 05:00 часот наутро, со претходна координација со МВР. За урбаната мафија нема место во Гази Баба. Законот мора да се почитува“, вели Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот