ВИДЕО | „Рамштајн“ воодушевија 60.000 луѓе во Белград: Еве како изгледаше „жестокиот“ спектакл

Фото: Инстаграм/ rammsteinofficial

Во Белград пристигна огромен број луѓе, а публиката уживаше во познатите хитови како „Du Hast“, „Sonne„ и „Ich Will“. Германскиот бенд „Рамштајн“ воодушеви со визуелни ефекти и направи незаборавно пиротехничко шоу.

Германскиот бенд „Рамштајн“ имаше концерт во Белград на 24 и 25 мај во рамките на турнејата на европските стадиони. Ова е нивна трета посета на Србија. „Рамштајн“ е познат по своите настапи кои се полни со пиротехника. И овој пат не штеделе на пиротехника, а како што пренесува „Телеграф.рс“, бендот приредил „жесток“ спектакл.

@kabaliks Концерт рамштайн в Белграде. Был впервые на канцерте, это лучшее живое выступление и шоу что я видел в жизни. #rammstein #Beograd #рамштайн #концерт #београд #serbia #Ср̀бија #srbija #kabaliks ♬ оригинальный звук – Сергей Кабалик

Огромен број луѓе дојдоа на овој спектакл, а изгледа не им пречеше ниту калта која се создаде поради дождот што паѓаше. Во паркот Ушќе, многу луѓе уживаа во познатите хитови, како „Du Hast“, „Sonne„ и „Ich Will“.

Визуелните ефекти и пиротехничкото шоу ја „разнесоа“ публиката, а „Nova.rs“ пишува дека имало околу 60.000 фанови.

Инаку, за настапот бендот користел повеќе од 1.200 литри специјален бензин поради пиротехника. Освен тоа, во Белград пристигнал со дури 77 камиони полни со опрема. На поставувањето на опремата работеле 1.500 луѓе, а сцената наводно била градена шест дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот