ВИДЕО | Рајан Рејнолдс се пошегува за правната битка на сопругата: На Блејк не ѝ беше воопшто смешно
Рајан Рејнолдс се појави со сопругата Блејк Лајвли на прославата на 50-годишнината од шоуто „SNL“, а во еден момент стана и им кажа на водителките Тина Феј и Ејми Полер дека има прашање.
Препорачано
“Рајан Рејнолдс! Како си?” го прашаа, а актерот рече: “Одлично! Зошто, што сте слушнале?” и на тој начин ја насмеа публиката, додека неговата сопруга наеднаш стана сериозна по неговите зборови.
Audience Q&A with Amy Poehler and Tina Fey! #SNL50 pic.twitter.com/XYqXMddhS9
— Saturday Night Live – SNL (@nbcsnl) February 17, 2025
Рејнолдс се пошегува за правната битка што неговата сопруга ја води со Џастин Балдони, но гледачите на Икс напишаа дека тоа е очајнички обид да се контролира штетата предизвикана од скандалот помеѓу Блејк и Џастин.
„50 години SNL засекогаш ќе бидат запаметени како местото на кое дојдоа Блејк и Рајан за време на нивниот скандал“, „Дали тие навистина мислат дека можат да не измамат да мислиме дека сето тоа е една голема шега за нив и дека се над катастрофалниот наратив што се создава околу нив?“ и “Дали ова требаше да биде смешно? Зошто Блејк и Рајан воопшто присуствуваат на настани?” се само дел од многуте коментари.
За потсетување во декември 2024 година, 37-годишната актерка го обвини актерот за сексуално вознемирување и одмазда, но Џастин ги негираше обвинувањата, по што Блејк поднесе формална тужба против него, а тој возврати со тужба од 400 милиони долари за клевета и изнуда.
Неговиот правен тим неодамна објави снимка од снимањето на сцената што Блејк ја наведе во нејзината тужба за да ги негира нејзините тврдења, а адвокатскиот тим на актерката побара СМС пораки од Балдони за да собере докази за неговата наводна кампања за оцрнување против неа. Судењето е закажано за 9 март 2026 година.


