ВИДЕО: Прва европска титула за шпанските ватерполисти

фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Шпанската ватерполо репрезентација за прв пат во својата историја ја освои титулата европски шампион откако со 11:10 (3:5, 3:2, 2:3, 3:0) во финалето ја совлада Хрватска на базенот „Младост“ во Загреб.

Најдобри стрелци кај шпанските ватерполисти беа Алваро Гранадос и Бернат Санахуја со по три голови, а на спротивната страна четири имаше Лука Букиќ.

За Хрватите ова е трето европско сребро со кое претходно се закити и во 1999 и 2003 година.

На врвот на вечната листа со најмногу европски титули е Унгарија, вкупно 13.

Во битката за третото место Италија со 12:7 триумфираше над селекцијата на Унгарија. За Италијанците ова е седма бронза на континенталните шампионати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот