ВИДЕО | Прв тизер за „Maestro“: Бредли Купер е непрепознатлив во новиот филм за Леонард Бернштајн
Нетфликс ја објави првата најава за претстојниот филм „Maestro“ за легендарниот американски композитор Леонард Бернштајн.
Препорачано
Во главната улога ќе го видиме актерот Бредли Купер, кој, исто така, е режисер и сценарист на филмот. Меѓу продуцентите на филмот се Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.

Филмот „Maestro“ го следи животот и делото на Леонард Бернштајн, кој е најпознат по мјузиклот „West Side Story“. Главниот фокус е на неговиот брак со Фелисија Монтеалегре, која ја игра актерката Кери Малиган.
Нетфликс го опиша филмот како „љубовно писмо до животот и уметноста“ и „емотивен епски приказ на семејството и љубовта“.

Покрај Купер и Малиган, во филмот ќе играат и Мет Бомер, Маја Хоук, Сара Силверман, Мајкл Ури, Гидеон Глик, Сем Нивола, Миријам Шор и Алекса Свинтон.
Филмот ќе им биде достапен на корисниците на Нетфликс од 2 септември годинава.


