Протест во Анкориџ за Украина/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Протести во Енкориџ за поддршка на Украина: Уапсете го Путин!

Демонстранти вчера излегоа на улиците на Енкориџ, Алјаска, во знак на поддршка на Украина пред самитот меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.

Демонстранти од сите возрасти се собраа на главната прометна раскрсницата на автопатот Сјуард и булеварот „Норт стар“ во четврток вечерта, а беа поддржани со свирежи и скандирања од возачите за време на шпицот во сообраќајот.

Украински знамиња имаше насекаде, како и оркестар за маршеви, група странски дописници и низа креативни транспаренти – некои протестираа против политиките на Трамп неповрзани со самитот, додека други поконкретно ја критикуваа планираната средба во петок меѓу Трамп и Путин.

„Можам да видам фашисти од мојата куќа“, пишуваше на еден транспарент, алудирајќи на пародична реплика од претстава која ја изговори ликот на поранешната гувернерка Сара Пејлин од 2008 година за близината на Алјаска до Русија.

Демонстрантите држеа украински знамиња и транспаренти со фрази како „Алјаска е на страната на Украина“ и „уапсете го Путин“.

Протести на Американците од Алјаска против Путин и Трамп/Фото: Fatih Aktas / AFP / Profimedia
Проукраински протести во Енкориџ/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia
Поддржувачите на Украина во Енкориџ излегоа на улиците со џиновско украинско знаме/Фото: Hasan Akbas / AFP / Profimedia

Меѓу проукраинските транспаренти беше истакнато: „Зеленски е херој, Трамп предавник“, „Криминалците не се пожелни овде“, „Затворете ги“ но и „Отстапувањето на Украина на Путин е исто како отстапување на Чехословачка на Хитлер“.

Се очекува двајцата лидери да одржат историска средба лице в лице денеска во американската воздухопловна база Елмендорф-Ричардсон.

Утрово на меѓународниот аеродром „Тед Стивенс“ во Енкориџ слета руски авион „иљушин Ил-96“, но не е познато дали рускиот претседател Путин е во него. Во градот и околината безбедноста е зголемена додека пристигнуваат двете делегации.

Трамп: Втората средба на која е вклучен и Зеленски е поважна од денешната средба со Путин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот