ВИДЕО: „Проектил“ на Гризман, Меси со фантастичен гол во чест на Марадона!

Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Денеска во рамките од 11 коло во најсилното шпанско првенство екипата на Барселона на домашен терен со убедлив резултат 4:0 ја совлада Осасуна.

Гол-серијата ја започна Брејтвајт во 29 минута од средбата, а непосредно пред паузата предноста на Каталонците ја зголеми Гризман со еден „проектил“ од прва ја затресе мрежата на Херера. Французинот запиша и асистенција на овој меч, во 57 минута во една кратка „тика-така“ во прав момент го пронајде Кутињо за 3:0.

А во 73 минута конечниот епилог го постави Меси кој во еден негов препознатлив стил со неколку дриблинзи успеа на еден фантастичен начин со левата нога да се запише во листата на стрелците.

За Аргентинецот ова беше негов седми гол сезонава и истиот го славеше со дрес на Њуел`с и број 10 на грбот во чест на Диего Марадона кој во кариерата исто така ги бранеше боите на овој аргетински фудбалски клуб.

Составот од „Камп Ноу“ дојде до четвртиот триумф сезонава во „Ла Лига“ за моментно седмо место со 14 бода, девет помалку зад водечкиот Реал Сосиедад кој има меч повеќе. Осасуна, која пак го претрпе петтиот пораз, се наоѓа на 15 позиција со 11 бодови.

На девојката на Марадона и забранија да присуствува на погребот

Никој повеќе во фудбалот не треба да ја носи „десетката“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот