ВИДЕО | Продолжуваат смртоносните поплави во Нов Зеланд

Поплави во Окленд: Три лица загинаа, а најмалку една личност се води како исчезната / Фото: Твитер

Смртоносните поплави во Нов Зеланд продолжија и денеска откако обилните дождови го зафатија Северниот остров во земјата, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, поројни поплави и уривање на патишта.

Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд со 1,6 милиони жители, остана во вонредна состојба откако во петокот го доживеа највлажниот ден во историјата, предизвикувајќи поплави во кои загинаа три лица. Сѐ уште се трага по уште едно лице, соопшти полицијата во неделата.

Фокусот на вонредната состојба оттогаш се пресели на југ. Округот Ваитомо, кој се наоѓа на околу 220 километри од Окленд, прогласи вонредна состојба доцна во саботата.

Националната агенција за прогнозирање МетСервис предупреди на влошување на времето во недела и понеделник на Северниот остров, вклучувајќи го и Окленд, каде се можни силни грмотевици.

Полицијата во неделата соопшти дека помага во управувањето со сообраќајот и затворањето на патиштата во регионот откако обилните врнежи „предизвикаа бројни лизгања на земјиштето, поплави и оштетувања на патиштата“.

„Полицијата ги замолува оние во областите со лоши временски услови да (…) не се обидуваат да патуваат по патишта, од кои многу моментално не се во функција“, соопшти полицијата.

Во тешко погодениот Окленд, летовите продолжија на аеродромот, кој ги затвори домашните и меѓународните операции во петокот.

Ер Нов Зеланд соопшти дека меѓународните летови на авиокомпанијата до и од Окленд ќе продолжат од пладне во недела.

Во саботата, премиерот Крис Хипкинс, кој е на функција помалку од една недела, прелета со хеликоптер над Окленд пред да ги обиколи домовите погодени од поплавите. Последиците од поплавите во градот ги опиша како „невидени“ во последно време.

Жителите на Окленд и околината упатија повеќе од 2.000 повици за помош и 70 евакуации околу Окленд.

Рекордот на врнежи во градот беше соборен во временските услови предизвикани од топол воздух што се спушта од тропските предели, при што аеродромот во Окленд забележа 249 мм дожд, надминувајќи го рекордот од 1985 година од 161,8 мм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот