ВИДЕО | Престон Лајонс поуспешен во пријателскиот меч против Вардар
Во рамките на турнејата во Македонија, австралискиот фудбалски клуб Престон Лајонс одигра пријателски натпревар против ФК Вардар.
Препорачано
Денеска на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“ во Скопје, фудбалерите на Престон Лајонс триумфираа со резултат 4:2. Двоен стрелец за скопските „црвено-црни“ беше Едиз Спахиу.
Инаку, Престон Лајонс е фудбалски клуб на македонските иселеници во Австралија.
За разлика од Вардар, кој веќе ја почна сезоната во шампионатот, играчите на Престон Лајонс се во фаза на подготовка за новото првенство во Австралија.
Инаку Престон Лајонс е главно составена од фудбалери со австралиски пасош, во чии редови е и поранешниот македонски репрезентативец, Метју Божиновски.
Воедно покрај тоа што е силно се поврзува со македонската дијаспора во Австралија, асоцира и со легендарниот тренер, екс стратег на Вардар и наш поранешен селектор Андон Дончевски, со долго работно искуство во Мелбурн.
Според најавите, Престон Лајонс ќе ја продолжи својата турнеја во Битола каде ќе игра контролен меч против Пелистер.


