ВИДЕО | Прекрасна трудница: Снаата на Цеца блеска за време на својата трета бременост

Фото: Инстаграм/Вељко Ражнатовиќ

Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ неодамна објавија дека повторно ќе станат родители на уште едно машко дете.

Синот на пејачката Светлана Ражнатовиќ – Цеца и покојниот Жељко Ражнатовиќ – Аркан веќе има два сина со сопругата Богдана – тригодишниот Жељко, кој своето име го доби по дедо му, и седуммесечниот Крстан.

Жељко Ражнатовиќ / Фото: Инстаграм/Вељко Ражнатовиќ

Богдана беше активна трудница и за време на претходните две бремености, а според објавите на социјалните медиуми, таа и сега наоѓа време за ноќни излегувања со членовите на семејството и со пријателите.

Нејзината сестра Наташа Родиќ објави видео со Богдана, на кое младата трудница насмеано позира во карирано сако и бела маица.

„Мојата убавица“, напиша сестра ѝ, додавајќи емоџи со сино срце.

Цеца стана баба по вторпат: Внукот се роди на роденденот на Аркан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот