Фото: Радио Кочани

ВИДЕО | Пред Итната помош во Кочани сега стои биста на возачот херој: „Кога многумина би се повлекле, Иле чекореше напред“

Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук од сирена на болничко возило, е откриено спомен обележје посветено на Илчо Гоцевски, 64 – та жртва на пожарот во „Пулс“, објави Радио Кочани.

Иле, возач во Итната медицинска помош, почина ден по пожарот во дискотеката „Пулс“ откако претходно, во кобната ноќ, над десетпати со своето возило ги превезуваше повредените млади луѓе на скопските клиники.

Бистата на Илчо Гоцевски е подигната на иницијатива на неговите колеги од Итната медицинска помош, а на чело на иницијативниот одбор беше Љупчо Ѓоргиевски, сега член на Советот на Општина Кочани.

„Иле не беше колега, тој беше брат, другар, пријател, поддршка и пример за тоа што значи да се биде човек во вистинска смисла на зборот. Во секојдневните моменти занеше да внесе топлина, насмевка и надеж, а во најтешките покажа нешто што не може да се научи, туку се носи во себе. Вистинска несебична храброст. Во миг кога многумина би се повлекле, Иле чекореше напред, без двоумење и страв воден од желбата да помогне и спаси други. Тој го даде највредното што човек може да го даде – својот живот за да спаси други животи“, рече Ѓоргиевски во емотивниот говор.

Во пресрет на годишнината од несреќата во дискотеката во Кочани, сопругата на Илчо Гоцевски раскажа за последните часови од неговиот живот.

ВИДЕО | Делчево уредува парк во чест на херојот Илчо Гоцевски, возачот на Брзата помош во Кочани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот