ВИДЕО: Пред 19 години Кометал ЃП ја славеше европската титула

фото: EPA PHOTO EPA/GEORGI LICOVSKI/EPA PHOTO EPA/ROBERT ATANASOVSKI

Не се заборава денот кога Кометал Ѓорче Петров ја освои титулата во женската ракометна Лига на шампионите…

На денешен ден, 19 мај 2002 година тогашните ракометарки предводени од тренерот Александар Панов во големото финале беа подобри од унгарскиот состав на Херц.

Во првиот меч одигран во Унгарија противникот стекна предност од два разлика (27:25), но на реваншот македонската екипа успеа да ја анулира негативата.

Во една фантастична атмосфера во СРЦ „Кале“ во Скопје Кометал ЃП триумфираше со конечни 26:22 за огромен успех на нашиот женски ракомет.

Во таа „златна“ генерација беа Индира Кастратовиќ, Наталија Малахова, Луминица Дину, Анжела Платон, Милева Велкова, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Лариса Ферзалиева, Андријана Будимир, Елена Златановска, Анња Андрушченко, Ирина Калиниченко и Оксака Плошчинска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот