ВИДЕО | Познатиот актер Сем Нил е во трет стадиум од рак: Не се плашам да умрам
Познатиот актер Сем Нил (76) е во трет стадиум од рак на крвта. Тој јавно зборуваше за неговата борба против страшната болест.
Препорачано
Херојот на култниот филм „Jurassic Park“ изјави за „Australian Story“ дека хемотерапијата не успеала, оставајќи го „да се бори за својот живот“, но дека експерименталниот лек сега делува. Познатиот актер боледува од Т-клеточен ангиоимунобластичен лимфом.
И покрај оптимистичките вести, актерот вели дека е свесен дека нема да трае вечно. Лекарите му рекле дека лекот ќе престане да делува во одреден момент и тој е подготвен за тоа.
„Не се плашам од смртта на ниту еден начин. Тоа не ме загрижува. Не ме загрижуваше од самиот почеток, но секако би ме изнервирало. Би ме изнервирало бидејќи има работи што сакам да ги правам. Многу иритирачки, умирање. Но, јас не се плашам од тоа“, рече тој.
Актерот на Инстаграм објави фотографија од периодот кога примал хемотерапија: „Имаше моменти во последната година кога морав да се погледнам во огледало и глетката не беше убава, ми беше одземено достоинството“.
Сем Нил, кој во март објави дека боледува од рак, дознал за болеста за време на патувањето во Нов Зеланд минатата година, по двегодишниот карантин, што го спречил да се врати дома и да се види со семејството. Неговиот син Тим изјави за „Australian Story“ дека веста за дијагнозата стигнала еден час откако актерот се вратил дома.
“Кога ја спушти слушалката, и кога седнавме, малку плачевме заедно. Требаше да биде среќен ден, не можеше така да остане”, изјавил синот на познатиот актер. А Нил додаде: „Бев во вистинска борба за мојот живот. И сето тоа беше нов свет и доста алармантен свет. Имав три или четири месеци конвенционална хемотерапија што беше брутално“.
Кога помислиле дека ситуацијата е подобрена, дознале дека ракот се вратил, во сериозна форма.
Актерот е во ремисија веќе 12 месеци, но признава дека е „подготвен на фактот дека на крајот лекот ќе престане да делува“.
„Знам дека имам рак, но навистина не ми е грижа. Тоа е надвор од моја контрола. Ако не можете да го контролирате, не навлегувајте во него“, вели тој.
Актерот прима инфузии на секои две недели и ќе продолжи да го прави тоа додека лекот делува. Тој ги опиша овие терапии како „многу темни и депресивни“.


