ВИДЕО | Познат тату-артист помина 500 часа претворајќи го класичниот „Мустанг“ во уметничко дело
Кога станува збор за реставрација на класични автомобили, повеќето ентузијасти се држат до совршениот фабрички изглед. Но, она што го направи познатиот тату-артист @kozo_tattoo во соработка со екипата од @cartdept, ги надминува сите стандардни очекувања и ги брише границите помеѓу автомобилизмот и класичната уметност.
Препорачано
Потребни биле повеќе од 500 часа неверојатно прецизна работа за култниот Форд Мустанг (Ford Mustang) од 1965 година да се трансформира во вистинско подвижно ремек-дело.
View this post on Instagram
Главното обележје на овој проект е хаубата, која изгледа како металот буквално да се лупи за да открие грандиозна фреска под него. Инспирацијата за ова парче уметност доаѓа директно од палатата Версај и славната фреска „Апотеозата на Херкул“.
View this post on Instagram
Наместо со класични автомобилски техники, артистот со својата препознатлива прецизност успеа да го пренесе барокниот дух директно на каросеријата на американската легенда. Како дополнителен забавен детал, на рабовите на „скинатиот“ метал се исцртани мали фигури кои изгледаат како со јажиња да го влечат и откриваат уметничкото дело, давајќи ѝ на целата креација фантастична 3Д димензија.
Но, приказната не застанува тука бидејќи вистинската магија е во тоа што автомобилот крие тајни во речиси секој свој агол. Целиот проект е осмислен како игра на криенка со деталите, па така минијатурни уметнички дела и рачно изработени елементи се сокриени насекаде, од надворешната каросерија па сè до внатрешноста. Дури и кожните седишта се целосно прилагодени и рачно обработени за да се вклопат во оваа уникатна естетска приказна.
Ова дефинитивно влегува во потесниот круг на најуникатните трансформации на автомобили што некогаш сме ги виделе.


