Фото принтскрин
Фото принтскрин

ВИДЕО | Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул

Повеќе од 550 лица беа приведени на демонстрациите по повод Први мај во Истанбул, при што на одредени места дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а органите на редот употребија солзавец и водени топови, јавија турските и странските медиуми.

Претходно, весникот „Биргунџ“ објави дека вкупно 57 членови на левичарската турска Народноослободителна партија (ХДП) биле приведени од полицијата додека се обидувале да одржат демонстрации во областа на плоштадот Таксим (Бешикташ) и блискиот кварт Меџидиекој во Истанбул. „Хаберлер“ објави дека речиси 100 други биле приведени во Меџидиекој и дека против демонстрантите таму биле употребени солзавец и водни топови. Медиумот забележа дека претседателот на Турската работничка партија (ТРП), Еркан Баш, бил меѓу оние што биле нападнати со гас.

Вчера, турските власти воведоа 24-часовна забрана за сите првомајски собири, прес-конференции и маршеви во истанбулските населби Бејоглу, Шишли, Фатих и Бешикташ, додека во областа на плоштадот Таксим беа воведени строги сообраќајни ограничувања. Полициското присуство во областа денес е зголемено, а на многу места се поставени метални бариери за да се ограничи движењето.

ТРТ Хабер во својот напис забележа дека за време на денешните демонстрации, турската полиција користела вкупно 35.000 камери за контрола на ситуацијата. Според медиумите, турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифчи и гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, лично ја посетиле полициската станица во Истанбул за да ги проверат преземените мерки на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот