ВИДЕО | Потона најголемиот брод на иранската морнарица

Пожар избувна на брод на иранската морнарица во близина на пристаништето Јаск во Оманскиот Залив, но целиот екипаж успеа безбедно да се симне, објави новинската агенција Фарс, пренесувајќи соопштение на морнарицата.

– Во тек е гаснење на пожарот, се наведува во соопштението и се додава дека пловниот објект бил во мисија за обука.

Причината за пожарот не е позната.

Во април, Иран соопшти дека еден од неговите пловни објекти, Савиз, бил мета на Црвеното Море, по извештаите на медиумите дека бродот бил нападнат.

Тоа беше последен во низата напади врз израелски и ирански товарни бродови од крајот на февруари за кои двете земји се обвинуваат едни со други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот