Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Половина час по полноќ – ДИК ги објави неофицијалните резултати од локалните избори

По завршувањето на гласањето на локалните избори, Државната изборна комисија одржа прес-конференција на која ги соопшти неофицијалните резултати од изборниот процес.

Според податоците, досега се обработени 86,96% од избирачките места, а излезноста изнесува 48,46%.

Од Комисијата детално ги објавија бројките за секој кандидат за градоначалник, како и за сите кандидатски листи за советници поединечно.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во најголем број општини низ земјава, следуваат СДСМ, Вреди и ДУИ со значително помала поддршка.

Неофицијални, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи се во убедливо водство во првиот круг од локалните избори, со предност во 54 општини низ државата.

Коалицијата Вреди засега води во осум општини, додека СДСМ е во водство во седум општини. Партијата ДУИ води во пет општини, а Демократската партија на Турците во една општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот