ВИДЕО: Погледнете како се „гуши“ Кочани

На видео кое што се шири по социјалните мрежи може да се види целосно загадувањето на воздухот од Кочани кое најмногу се шири од фабриката за хартија „Пејпер мил“.

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) пред неколку дена предложи казна во износ од 20.000 евра за „Пејпер Мил” откако резултатите од мерењата на емисиите биле над дозволените граници.

Инспекторатот за животна средина извршил контролен надзор и предложил казна во износ од 20.000 евра и ја задолжил фабриката „Пејпер Мил” да врши мерења од акредитирана лабораторија еднаш неделно, бидејќи не смее да ги надминува граничните вредности.

ВИДЕО: Предложена казна во износ од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил”

Неколку граѓански иницијативи во повеќе наврати иницираа протести на кои граѓаните побараа од надлежните „Пејпер Мил“ повеќе да не ги загадува бидејќи, како што велат, загадувањето предизвикало пораст на малигни и други тешки заболувања кај голем дел на популацијата, па и кај најмладите. Една од нив деновиве најави собирање на потписи на повеќе пунктови во градот, под мототото „Стоп за Пејпер Мил“.

Тие тврдат дека во кочанската фабрика за хартија се согорува секаков вид опасен отпад во вечерните часови, па дури и дека се согорува медицински отпад кој се носи со комбиња од Дрисла и дека тој го предизвикува чадот со специфична киселкава задушувачка миризба која ја чувствуваат посебно жителите на населбата во непосредна близина на фабриката.

Кочани се гуши во чад, граѓаните вперуваат прст во „Пејпер Мил“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот