ВИДЕО | Почина ли Ведат Адеми од аналгин на кој бил алергичен, а кој му го дале во кумановската болница?
Мирослава Симоновска
Пред
Заврши предистрагата за смртта на триесет и двегодишниот Ведат Адеми кој почина на 17 март 2025 година во болницата во Куманово, само еден час откако му била поставена венска линија за администрирање лек во кој имало аналгин. Во неговата медицинска историја имало податок дека додека се лекувал во Германија, пројавил реакција на лек аналгин, ама до тој податок немало потпис и печат од докторот. Тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари, го разреши тогашниот директор на општата болница Куманово доктор Стефан Трајановски поради случајот.
Јавната обвинителка Теута Бедиу Рамадани денеска информираше дека предистрагата завршила.
Заврши предистражната постапка, направено е дополнително вештачење на Институтот за судска медицина, формиран е КО предмет против двајца доктори и една медицинска сестра и постапува јавниот обвинител Исак Сулејмани. Се истражува несовесно лекување болни со тешка последица смрт, рече таа.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Вака изгледа тимот составен од фудбалери кои најмногу разочараа на Мундијалот 2 ВИДЕО | Приватното видео на Роналдо и Георгина собра 14 милиони лајкови за помалку од 24 часа 3 ФОТО | Kлоп …