ВИДЕО | Почина легендарниот басист на култната група „Блонди“, Фред Смит
Поранешниот басист на култната група „Блонди“, Фред Смит, почина на 77-годишна возраст. Музичката заедница и фановите ширум светот се простуваат од една од големите икони на рокенролот. Смит беше еден од основачите на „Блонди“, заедно со Деби Хари, а својата репутација дополнително ја изгради и преку работата со бендот „Телевижн“, кој остави силен и неизбришлив белег на њујоршката панк и арт-рок сцена, пишува „Мирор“.
Препорачано
Неговиот долгогодишен соработник и гитарист, Џими Рип, се прости од Смит со емотивна порака на Инстаграм:
„Во последните години водеше долга и тешка битка со болеста, но секогаш гледаше напред, кон нови проекти… Имавме големи планови оваа година… Но, едноставно, не било судено“.
Фред Смит беше оригиналниот басист на бендот „Ејнџел енд д’ Снејк“, кој подоцна го смени името во „Блонди“. Во групата остана од самото основање во 1974 година, по што тргна по нов пат и му се приклучи на бендот „Телевижн“.
Во двата состави остави силен авторски и изведувачки печат, станувајќи еден од клучните музичари на њујоршката сцена во тој период.
Во уште една проштална порака, неговиот колега од „Телевижн“, исто така по име Џими, напиша:
„Многу тажно збогување со легендарниот басист и мој драг пријател веќе 46 години. Ќе ми недостасуваш повеќе отколку што зборовите можат да опишат“.
Смртта на Фред Смит го означува крајот на една важна ера во рокенролот, но неговата музика и влијание ќе продолжат да живеат преку идните генерации.


