ВИДЕО | По загубата на родителите, Дарко Илиевски има причина пак да се смее – семејството се собра по посебен повод
По загубата на двајцата родители, пејачот Дарко Илиевски, кој живее во Америка, имаше тежок период.
Препорачано
Во август почина неговиот татко, а во декември ја загуби и мајка му. Двапати минатата година, од Америка пејачот доаѓаше по тажен повод.
Негова среќа и утеха е семејството – сопругата Ивана, синот Матео и ќерката Ана.
На социјалните мрежи се појави видео од прославата на вториот роденден на ќерката, кој бил во стилот на „Леденото кралство“. На видеото и на фотографиите се гледа среќното семејство и пријателите кои заедно слават со малата Ана.
Кога во декември почина мајка му, пејачот, скршен од болка, со трогателна објава на социјалните мрежи се прости со неа.
„Драги пријатели, со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу! Чувајте се со тато. Доколку сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате… еден ден ќе немате можност да го направите тоа!“, напиша Дарко во својата објава на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Дарко Илиевски во екот на најголемата популарност се пресели во Америка. Тој се ожени со Ивана, со која има две деца – синот Матео Ноа и ќерката Ана Ирена, со кои веќе неколку години живеат на Флорида.
Дарко си ја отвори душата за последната средба со својот татко за естрадниот магазин „Бекстејџ“ во септември минатата година.
„За жал, почина татко ми, Бог да го прости. Последните неколку дена само прашуваше кога ќе дојде Дарко. Но ете, во неделата вечерта дојдов, во понеделникот тој веќе почина. Кога се видовме, веќе беше во тешка ситуација, успеа и да ме препознае и ете, да кажеме дека се простивме“, рече пејачот.


