„Братот е штит што стои пред тебе кога ти е најпотребно“: Сестрата на Дарко Илиевски му посвети прекрасна емотивна порака
Дарко Илиевски е едно од препознатливите имиња на домашната музичка сцена, кое иако долги години живее во Америка со семејството, неговиот живот и кариера често се во фокусот на јавноста. Овој пат вниманието го привлече емотивната објава од неговата сестра.
Препорачано
Јованка Илиевска Арсовска, сестрата на Дарко, одлучи јавно да ја сподели својата безусловна љубов и гордост кон братот, преку колаж од нивни заеднички фотографии и емотивни зборови на социјалните мрежи.
„Сестрата е најдобрата пријателка која ти ја дарува животот, а братот е штитот што стои пред тебе кога ти е најпотребно. Врската меѓу брат и сестра е жица што може да се растегнува до бескрај, но никогаш не може да се скине“, напиша таа во својата емотивна порака.

Објавата веднаш предизвика лавина од реакции, бројни следбеници ја поздравија искрената посвета, оставајќи коментари исполнети со љубов и поддршка. Со овој гест, сестрата на Дарко уште еднаш потсети дека зад секоја јавна личност стои семејство кое негова е најголемата поддршка и сила.


