ВИДЕО | По пет месеци минати во вселената, кинеските астронаути се вратија на Земјата

Кинески астронаути се вратија на Земјата / Фото EPA-EFE/XINHUA / LI GANG

Откако поминаа пет месеци на кинеската вселенска станица, тројцата кинески астронаути денеска се вратија на Земјата.

Повратната капсула на вселенското летало Шенжу 16 беше забавена од голем падобран и слета во близина на вселенското пристаниште Џиукван во пустината Гоби, настан кој беше пренесен во живо на државната телевизија.

Астронаутите Жу Јангжу, Гуи Хаичао и командантот Џинг Хаипенг полетаа во вселената на 30 мај. Пред нивното враќање на Земјата, новиот тричлен екипаж се упати во четвртокот со вселенското летало Шенжу 17 кон вселенската станица Тиангонг.

Тоа беше втора промена на екипажот од пуштањето во употреба на станицата претходно оваа година, како и 12-та вселенска мисија за Кина во 2023 година.

Командант на новата мисија е 48-годишниот Танг Хонгбо, вселенски ветеран кој се вратил на Земјата пред две години по тримесечен престој во вселената во мисијата Шенжу 12. Со него 33-годишниот Танг Шенџи и 35-годишниот Џианг Ксинлин за прв пат полета во вселената.

Гледајќи ја просечната возраст, тоа е најмладиот екипаж што Кина го испрати во вселената. Кина ја зајакнува својата вселенска програма и планира да испрати астронаути на Месечината во 2030 година.

Кина го испраќа најмладиот екипаж во вселената досега

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот