Кина го испраќа најмладиот екипаж во вселената досега

Кина го испраќа најмладиот екипаж во вселената досега / Фото EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Кина утре ќе го испрати својот најмлад екипаж од астронаути во вселената на својата вселенска станица Тиангонг, во обид да го прошири своето знаење за човечките вселенски летови. Астронаутското трио на мисијата Шенжу-17 во вселената треба да полета во четврток во 11:14 часот по локално време од центарот за лансирање Џиукуан во пустината Гоби на северозападот на земјата.

Екипажот го сочинуваат командантот Танг Хонгбо, роден во октомври 1975 година (40), Танг Шенџие (33) и Џијанг Ксинлин (35). Просечната возраст на екипажот е 38 години, во споредба со претходниот најнизок просек кој изнесувал 42 години на екипажот на претходната мисија Шенжу-16.

„Ова е екипажот на астронаутите со најмладата просечна возраст досега, откако Кина започна со вселенски мисии со екипаж“, се вели во соопштението на кинеската влада.

Азискиот гигант со децении инвестира милијарди евра во својата вселенска програма предводена од војската, благодарение на што може во голема мера да ги достигне Американците и Русите.

Имено, Кина го испрати својот прв човек во вселената дури во 2003 година, многу подоцна од поранешната СССР и САД, кои тоа го постигнаа уште во 1961 година.

По големина е слична на поранешната руско-советска вселенска станица Мир, но е многу помала од Меѓународната вселенска станица (ИСС). Станицата, позната и по кратенката ЦСС (Кинеска вселенска станица на англиски), мора да остане во орбитата на Земјата најмалку 10 години, а ќе лета на помала височина од 400 до 450 километри.

Кинеските астронаути гарантираат ротации на екипажот и долгорочно човечко присуство во вселената, а се задолжени за одржување на вселенската станица и истражувачката работа, како и постепено проширување на нејзините можности. Во мај, Кина го испрати својот прв цивилен астронаут Гуи Хаичао, експерт за вселенска наука и инженерство, во вселената како дел од претходната мисија.

Интересно е што Хаичао не е припадник на вооружените сили, како што беше вообичаено претходно, туку професор на Универзитетот за авијација и астронаутика во Пекинг. Досега сите кинески астронаути кои полетаа во вселената беа членови на Народноослободителната армија.

Кина беше делумно охрабрена да изгради сопствена вселенска станица поради фактот што САД одбија да и дозволат на таа земја да учествува во работата на ИСС. Кина беше исклучена од ИСС во 2011 година, кога Вашингтон и забрани на НАСА да соработува со Пекинг.

Американскиот закон забранува речиси секоја форма на соработка меѓу американските и кинеските вселенски власти. Но, азискиот гигант стави до знаење дека сака да постигне меѓународна соработка кога е во прашање Тиангонг, особено во однос на експериментите.

Британија планира да испрати астронаути во орбитата на првата самостојна британска мисија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот