ВИДЕО: По одлуката на Приштина за влез на камиони со српски таблички, на преминот Јариње колона долга два километри

Фото: Kosovo onlajn

Откако од Приштина беше објавено дека во Косово можат да влезат камиони со српски регистарски таблички кои превезуваат стока од странство, на преминот Јариње е формирана колона долга два километри јавува Косово онлајн.

Редот на камиони кои чекаат на преминот се протега до местото Рудница.

Приштина денеска околу 16 часот дозволи на Косово да влезат камиони со српски регистарски таблички кои превезуваат стока од странство, но не и оние кои превезуваат стока произведена во Србија.

Се уште не се дозволува влез на празни камиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот