ВИДЕО: Париз тоне во смет и се гуши во смрдеа, реформата на пензискиот систем предизвика насилни протести

Фото: Твитер

Над 10.000 тони ѓубре има на улиците на Париз поради штрајкот на градските работници за собирање смет, соопштија денеска градските власти.

Властите на социјалистичката градоначалничка на Париз, Ан Идалго, посочија дека ниту еден камион за собирање ѓубре не излегол на улиците.

Голема смрдеа се шири низ улиците на градот на светлината. Смет има натрупано покрај контејнерите, но расфрлано ѓубре има и низ сите јавни површини од каде се шири непријатна миризба.

Тие 12 дена штрајкуваат против реформата на пензискиот систем со која се предвидува пензионирање на 64 години, наместо на 62 како досега.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека има компании кои се обврзале да го отстранат ѓубрето.

Реформата на пензискиот систем, која Владата сега ја турка покрај Собранието, предизвика хаотична состојба со секојдневни протести од ретко видени размери и штрајкови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот