ВИДЕО: Паника во Њујорк, ураганот Ида ги исплаши навивачите на УС Опен

рганизаторот стравувал за животите на тенисерите и навивачите за време на предупредувањето од ураганот Ида./ фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Кровот на стадионот „Луис Армстронг“ едвај го издржа дождот и ветерот кои ги донесе ураганот Ида, а во Њујорк беше прогласено предупредување за опасност.

Како што пренесува „Њујорк пост“ ураганот Ида собори неколку дрва и ги поплави тениските терени на комплексот „Флешинг Медоус“. Поради тоа дојде до одложување на мечевите од грен слем турнирот од два и пол часа, а тенисерите и тенисерките ги менуваа терените.

„Лудо време“, се зборовите со кои Диего Шварцман најдобро опиша што се случуваше на УС Опен.

Градот Њујорк За прв пат објави предупредување поради обилните дождови, а дури беше запрен и сообраќајот во најголемиот град во САД.
Само две арени на „Флешинг Медоус“ комплексот се покриени со крв и само на нив можепе да се одиграат мечевите според предвидената програма и без поголеми одложувања.

Дури и кровот на „Луис Армстронг“ стадионот прокиснуваше, а „Хералд сан“ објави дека организаторот стравувал за животите на тенисерите и навивачите за време на предупредувањето од ураганот Ида.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот