ВИДЕО | Палестинските лекари: Израел намерно продолжува да лансира ракети во близина на болницата Ал Кудс за да не евакуира

Газа/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Палестинската Црвена полумесечина денеска соопшти дека израелската војска бомбардирала неколкупати во близина на нивната болница во центарот на Газа, предизвикувајќи штета и ставајќи ги во опасност цивилите и пациентите.

„Израелската Армија намерно продолжува да лансира ракети директно во близина на болницата Ал Кудс со цел да го принуди медицинскиот персонал, раселените лица и пациентите да ја евакуираат болницата“, се вели во соопштението на медицинската организација.

„Ова предизвика значителна штета на болничките одделенија и ги изложи жителите и пациентите на опасност“, се додава во соопштението.

Покрај пациентите, Црвената полумесечина соопшти дека 14 илјади луѓе, раселени поради војната, се засолнети во болницата.

Извештаите на палестинската Црвена полумесечина за заканите за евакуација на болницата Ал Кудс во Газа се длабоко загрижувачки, рече денес шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, јави Анадолија.

„Повторуваме – невозможно е да се евакуираат болници полни со пациенти без да се загрозат нивните животи“, напиша Гебрејесус на X.

Претходно денеска организацијата соопшти дека примила телефонски повици од израелските сили со наредба да ја евакуираат болницата пред нападите.

Болницата во Газа двапати добила повик за евакуација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот