ВИДЕО | Палестинскиот режисер и оскаровец Хамдан Балал уапсен од израелската војска откако бил претепан, тврдат активисти
Палестинскиот режисер Хамдан Балал, кој заедни со израелскиот режисер Јувал Аврахам го сними документарниот филм награден со Оскар, „Нема друга земја“, е уапсен од страна на израелската армија во понеделникот на окупираниот Западен Брег, објавија активисти.
Препорачано
Хамдан Балал претходно бил нападнат од израелски доселеници кои беа меѓу десетиците кои го нападнаа палестинското село Сусја во областа Масафер Јата и уништија имот, соопшти Центарот за еврејско ненасилство.
The group of armed KKK-like masked settlers that lynched No Other Land director Hamdan Ballal (still missing), caught here on camera. pic.twitter.com/kFGFxSEanY
— Yuval Abraham יובל אברהם (@yuval_abraham) March 24, 2025
Според активистите, израелската војска го држела палестинскиот режисер, добитник на Оскар, на окупираниот Западен Брег.
Hamdan Ballal, codirector de The Other Land, documental ganador del Óscar este año, agredido por colonos en Cisjordania
“Tiene heridas en cabeza y estómago, sangrando. Soldados israelíes irrumpieron en la ambulancia y se lo llevaron. No hay rastro de él desde entonces” https://t.co/Kgz7mckxt3 pic.twitter.com/qsX6Csefds
— Olga Rodríguez Francisco ✍️ (@olgarodriguezfr) March 24, 2025
Активистичката група рече дека Балал имал крвавење на главата во нападот, и дека бил превезен со брза помош. Тој и уште еден Палестинец биле приведени.
„Не знаеме каде е Хамдан бидејќи го одведоа со врзани очи“, изјави 28-годишниот Џош Кимелман, кој се нашол на местото на настанот.
I’m standing with Karam, Hamdan’s 7 year old son, near the blood of Hamdan’s in his house, after settlers lynched him. Hamdan, co-director of our film No Other Land, is still missing after soldiers abducted him, injured and bleeding. This is how they erase Masafer Yatta. pic.twitter.com/72pT3UF3kj
— Basel Adra (@basel_adra) March 24, 2025
Инцидентите се случиле во селото Сусија, на југот на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година, според Центарот за еврејско ненасилство, невладина организација која се противи на окупацијата, чии членови биле на лице место и го снимиле инцидентот.
За време на инцидентот, околу 10-20 маскирани доселеници, наводно, ги нападнале еврејските активисти со камења и стапови, кршејќи ги стаклата на автомобилот и сечејќи гуми.
„Еден доселеник замавна со тупаници кон двајца активисти пред двајцата да се вратат назад кон нивното возило“, покажа видеото обезбедено од Центарот за еврејско ненасилство.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) во изјава за Скај њуз соопштија дека во понеделникот вечерта „неколку терористи фрлале камења врз израелските граѓани, оштетувајќи ги нивните возила во близина на Сусја“.
ИД, исто така, рече дека потоа избувнала насилна конфронтација која вклучила „меѓусебно фрлање камења меѓу Палестинците и Израелците на местото на настанот“.
„Силите на ИД и израелската полиција пристигнаа за да ја растераат толпата, но во тој момент неколку терористи почнаа да фрлаат камења врз безбедносните сили“, се вели во соопштението.
„Како одговор, силите уапсија тројца Палестинци осомничени дека фрлале камења врз нив, како и еден израелски цивил кој учествувал во насилната пресметка. Уапсените се однесени на дополнително испитување во израелската полиција. Во инцидентот е повреден израелски државјанин и е евакуиран за да му биде укажана лекарска помош.
„Спротивно на тврдењата, ниту еден Палестинец не е уапсен од внатрешноста на амбулантното возило“.
Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА објави дека четворица Палестинци биле повредени, меѓу кои и Балал, во напад на доселеници во Сусија.
Оскар за најдобар документарен филм
Балал е еден од корежисерите на „Нема друга земја“, кој доби Оскар за најдобар документарен филм оваа година.
Филмот ги следи жителите на Масафер Јата додека се борат да ја спречат израелската армија да ги урива нивните села, она што ОН го опишува како принудно раселување на жителите на селото. Ова село, од каде потекнува еден од двајцата палестински творци на филмот, Базел Андра, е прогласено за зона на воени операции од страна на Израел. По долга правна битка, израелскиот Врховен суд пресуди во корист на израелската армија во мај 2022 година, одлука што го отвори патот за иселување на жителите на осум села каде што вооружените сили сакаа да создадат полигон за стрелање.
Населувањето на Израел на Западниот Брег често се опишува од ОН како нелегално според меѓународното право.
Филмот „Нема друга земја“ има двајца палестински ко-режисери, Балал и Базел Адра, двајцата жители на Масафар Јата и двајца израелски режисери, Јувал Абрахам и Рејчел Сзор.
Стотици Палестинци се убиени на Западниот Брег во израелските воени операции за време на војната во Газа, а има и пораст на нападите на доселениците врз Палестинците.
Имаше и пораст на палестинските напади врз Израелците.


